Обезбедувањето ги отстранува новинарите од собрание!!!


Обезбедувањето во Собранието на Република Македонија ги принудува претставниците на медиумите и собраниските известувачи да ја напуштат галеријата на пленарната сала.

sobranie vnatre4

Лицата за обезбедување ги информирале новинарите дека треба да ги напуштат местата предвидени за нивна работа.На ова имало реакции од новинарските екипи присутни во Собранието, а веќе со официјална реакција се огласило и Здружението на новинари на Македонија до претседателот на македонскиот парлемент Трајко Вељановски.

Пратениците од опозицијата во овој обид за отстранување на новинарите гледаат можност на специјалните сили за безбедност да ги тргнат пратениците од опозицијата од собраниската сала.

Инаку, како што информираат од собранието, пратеничките на опозицијата Весна Бендевска и Билјана Казанџиска биле префрлени на Ургентниот центар. Бендевска имала симптоми на скршеници на ногата, додека Казанџиска покажувала знаци на потрес на  мозок и зголемен крвен притисок.

Од пратениците од владеачкото мнозинство негираат дека пратеничките биле повредени од нивни пратеници и велат дека тие биле повредени во метежот од службите за обезбедување.

 Нова Македонија

ВИДЕО: Еве го инцидентот во собранието
ВИДЕО – Еве каква е атмосферата пред собрание
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1