Зголемени платите во октомври – 1,8 насто вработени не зеле плата истиот месец


Просечната бруто и нето плата во октомври годинава во однос на октомври минатата година бележи пораст од 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

denari_191010

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2012, изнесува 21 031 денари. Зголемувањето на нето платата се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности за 11,4 отсто, Информации и комуникации за 4,7 отсто и земјоделство, шумарство и рибарство за 3,7 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Административни и помошни услужни дејности за 5,3 отсто, Рударство и вадење на камен за 5,2 отсто и Преработувачката индустрија за 3,1 отсто.

Во октомври 2012 година, 1.8% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според објавените податоци просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2012, изнесува 30 875 денари. Зголемувањето се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности за 9,6 отсто, Информации и комуникации за 4,6 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,8 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 5,4 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 4,7 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6 отсто.

Во октомври 2012 година, 1,8 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1