Жаклин Кенеди имала афера со рускиот балетан Рудолф Нуреев кој почина од СИДА


Жаклин Кенеди, вдовицата на убиениот американски претседател Џон Кенеди, имала љубовна афера со познатиот руски балетан Рудолф Нуреев во време додека таа беше „прва дама“ на САД, тврди Дарвин Портер, автор на најновата книга за семејството Кенеди и за нивните љубовно-сексуални врски.

djeki i baletanСпоред авторот Портер, тој разговарал со американските писатели Труман Кепот и Гор Видал и двајцата пријатели на Жаклин Кенеди и од нив разбрал дека таа била во „врска со Нуреев“ но и дека Русинот бил „уловен“ како во една телефонска говорница, „страствено се бакнува“ со тогашниот сенатор Роберт Кенеди.

Писателот Кепот, автор на романите „Појадок кај Тифани“ и „Ладнокрвно убиство“ кој беше хомосексуалец, го уверувал Портер дека сенаторот Кенеди, брат на убиениот претесдетал на САД, бил „прикриен геј“ без разлика што беше оженет и имаше девет деца, како и тоа што досега важеше за еден од „тајните љубовници“ на својата снаа, Жаклин.

Книгата на Портер треба да се појави на 20-годишнината од смрта на Жаклин Кенеди и во неа љубовната афера со Нуреев е употребена како илустрација за да се покаже дека таа „не седела со скрстени раце“ додека нејзниот сопруг Џон Кенеди имаше бројни љубовни афери со разни жени.

Авторот ги потврдува поранешните откритија дека Жаклин знаела за прељубата на својот сопруг и тврди дека „студено“ му се одмаздувала, врзувајќи се со други мажи, како во САД, така и при нејзините патувања по светот, а нејчесто во Европа, сама или придружувана од нејзината сестра Ли Радзвил.

kenedi

Познато е дека актерките Мерилин Монро и Енџи Дикинсон, една 19-годишна службеничка во Белата куќа, но и девојката на шефот на мафијата во Чикаго, имале љубовни афери со претседателот на САД, а Портер пишува дека неговата сопруга станала љубовница на Нуреев, кој тогаш бил девет години помлад од неа, по неговата посета на Белата куќа.Тоа се случило во 1963 година, неколку месеци пред атентатот врз Кенеди во Далас.Тие се среќавале уште неколкупати, а врската прекинала кога Жаклин забележала дека Нуреев многу се интересира и за нејзниниот син Џон.

agb_kennedy_monroe_091112_sshНуреев побегна од СССР во 1961 година и веднаш стана ѕвезда на Западот. Почина од СИДА во 1993 година, а пред смртта во своето последно интервју призна дека целото семејство Кенеди, како жените, така и мажите било опседнато од него.

На Жаклин Кенеди и се припишуваат љубовни врски за време на престојот на јахтата на сопственикот на ФИАТ Џани Ањели во 1962 година, како и на јахтата на грчкиот милијардер Аристотел Оназис, една година подоцна, кога американската „прва дама“ првпат се сретна со богатиот Грк, за кого подоцна и се омажи.

Авторот на најновата книга за Кенедиеви, Дарвин Портер тврди дека таа имала тајна врска и со холивудската ѕвезда од тоа време Вилијам Холден, а дека и се додворувал и Ричард Никсон, додека тој бил потпретседател на САД, а таа сопруга на сенаторот Џон Кенеди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1