Жална реалност: Милица отиде да се породи, докторката полни очи со солзи


Наташа Кондиќ од Нови Сад ја сподели на Фејсбук приказна на една докторка од Србија која расплака многумина и ја отсликува тажната вистина во земјата.

Емотивната приказна  ќе не потсети дека на нас ни треба малку среќа и дека треба да го цениме тоа што го имаме, иако немаме многу.baby-hospital bebe

Приказната на докторката ја пренесуваме во целост:

– Влегувам во породилиштето. На продилната маса млада девојка која има 20-тина години, слаба, со темни подочници. Бабицата ми дојде и ми рече: Докторке, жената е отворена шест сантиметри. терминот за породување е крајот на следниот месец, а бебето и уште мало.

„Како се викаш“, ја прашувам жената

„Милица“, вели таа

„Од каде си“, продолжувам со прашањата.

„Од тука “, вели, „тука се омажив“.

Добро Милице, зошто си толку слаба? Јадеш ли ти воопшто“, ја прашувам

„Да одговара на кратко. Добро јадам. Знаете докторке, мојот маж работи и заработува, не пие. Добар е. Секој ден имаме леб и по нешто ќе зготвиме. Убаво живеам, не се жалам“, раскажува.

Ја почнувам да се заледувам… Сфаќам дека е искрена. Да тоа е навистина така. Таа навистина јаде само еднаш дневно и мисли дека тоа е во ред.

Милице, имаш ли брат или сестра“, ја прашувам

„Само сестра, докторке, но таа е во хранителско семејство. ЗНаете мама почина, тако ми работи по цел ден и не занеше што со мене. А бев вредна, чистев, готвев. Одам на пазар и го собирам тоа што го фрлаат продавачите. А фрлаат добра храна. Ми вели татко ми, Милице ти најдов маж. И ми го донесе. Ми вика иди дете со него, ќе ти биде подобро него тука. И така се омажив“, раскажува.

„И убав ли ти е мажот“, се обидувам да се нашалам.

„Добар е“, прозборува и продолжува да молчи. Само гримасите на лицето покажуваат дека ја боли. Млада жена која ја прифатила реалноста колку и да е тешка, која не знае за подбра, мртва во својата немоќност за да промени нешто.

Бабицата ми ја носи нејзината крвна анализа. Фрлам поглед на документот и ми застанува кнедла во грлото. Тешка анемија, хипопротеинемија.

„Знаете, продолжува… Ова е девојче. Ќе се вика Анѓела. Имам работи. Се сум испрала и наредила, занете навистина се ко нови. И пелени имам, и пелени. Туку, немојте да се лутите мисалм дека ќе се напнам

„Напни Милице“, и велам и гледам во бабицата. Сите молчиме. Немаме зборови. А од внатре не стега, боли…

Ајде Милице, најсилно што може, напни. Милица слуша, нејзиното слабо тело ја дава целата сила и таа се породи. Бебето слабо, но убаво, плаче.

„Душо, мама те дочека. Душо, дај те ми ја да ја бакнувам“, вели.

Ја зема во прегратка, ја бакнува и плаче од среќа.

„Душо ти си ми се. Колку е тешка доктроке“, прашува

„Еве само малку Милице да ја измериме“, објаснувам. Бебето е тешко 2200 грама.

„Убава е докторке, навистина е убава“.

Ја замолуам бабицата да и ги донесе работите, за да ја облечеме. Оди во припремната соба и носи  најлонска кеса, обична и  во неа една стара ноќница, една кеса со влошки и сапун.

„Милице, да не си гладна или жедна?“

„ Не, ќе јадам подоцна. Не грижете се, не ми треба мене многу“ И прв пат Милица има насмевка.

Си одам од породилиштето. Ме чека низок човек.

„Јас сум мажот на Милица. Дали е Милица добро?“

„Да“, и го гледам. Износена маица, но чиста, голема тренерка и искинати патики. Рацете груби, ранливи. „Се породи и бебето е добро“ му соопштив. Скока од среќа.

„Ве молам, дајте и го ова на МИлица“ вели и ми дава мала кутија со кекси и сок. „Нека јаде, треба да дои, а јас ќе дојдам утре“. Јас морам да одам, имам работа…

Заминувам полна со тага. Тоа е реалноста околу мене. Утредента одам на визита кај ена. Ми се намсевнува. Мириса на сапун, ја испрала косата и ја облекла старата ноќница која е чиста.

Ми го сфаќа мојот поглед. Ме гледа во очи и вели.

„ Се избањав и се исушив. Топло е. Гледајте“, кажува и покажува на масичката покрај креветот. Сокови, наполитанки, чоколади.

„ МИ ги дадоа, не ги земав.. и велам МИлице јади види ти колку си слаба а ние дебели.

Лажно се насмевнувам и гледам околу себе. Овие прекрасни жени од собата почутвувале дека треба да и се помогне и донеле храна, а без да ја навредат во ниту еден момент.

„Благодарам, благодартам…“’вели Милица.

Гледам и се мисалм. Колку навистина е потребно да бидеш среќен? Навистина не знам…

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1