Груевски: Нема бегање од избори, СДСМ ќе мора да се соочи со граѓаните


Премиерот Никола Груевски во гостување во дневникот на Сител за преговорите од Пржино Груевски истакна:

-Имаме преговори на две страни во кои што едната знае дека ќе победи, ја чувствува подрршката од народот, а другата знае дека ќе загуби и бара начини доколку е можно тоа да го ублажи, односно да ги одложи следните избори договорени за месец април. Како може да се  одложат освен ако не се растурат овие проговори, а како може да се растурат освен со поставување на нерационални барања, рече Груевски.gruev543

Премиерот нагласи дека тоа се барања кои немаат никаква смисла, па дури и ситуации кога некогаш ќе им ги прифатат тие барања, тогаш поставуваат за истата работа дополнителни барања и очекуваат да ги ивадат од такт и владејачката партија да почне да ги прекинува и напушта преговорите.

-За да ја остварат својата цел да избегаат од следните избори, односно да се одложат, но тоа да биде по наша вина, а не по нивна, односно тоа така да се прикаже во јавноста дека е по наша вина. Јас ќе им порачам дека нема бегање од зибори, изборите мора да се одржат и тие мора да се соочат со граѓаните, со се она што го правеа изминатиот период и убеден сумм, точно знам дека ќе имаме убедлива поддршка од граѓаните, многу силна поддршка, слично на она што го имавме минатата година, а  можби и посилна, вели Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1