Желба за живот: Заигра во операционата сала пред да ја оперираат (Видео)


Дебора Конан пред неколку дена, непосредно пред да влезе во операционата сала и да заспие под анестезија поради изведувањето на двојна мастектомија заиграла и се забавувала во операционата сала заедно со медицинскиот персонал кој треба да ѝ ја изврши операцијата.

zaigra pred operacijaДебора, мајка на две деца и гинеколог, својот предоперационен танц го одржала во болница во Сан Франциско, пишува Хафингтон пост .

Покрај оваа видео во кое самата учествува, таа ги замолила нејзиното семејство и сите свои пријатели да го сторат истото, со цел кога ќе се разбоди од операцијата во периодот на оздравување да ги гледа.

-Планирам да направам збир од сите видеа и да направам едно исцелително. Не ме радува ништо повеќе од играњето на другите, движењата, вистинското присуство во сопственото тело. Се согласувате ли?, напиша таа на својата страница..

според последните информации, нејзината операција поминала добро и таа веќе заминала на домашно лекување. Едноставно, станува збор за личност која што и тоа како ги инспирира сите останати!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1