38 годишна жена од Виница заработи кривична пријава за посредување во вршење проституција.
Според полицијата во Виница жената оперирала во мотелот „Слив“ во Виница. Имале соба, а жената макро наоѓала муштерии. Сексуалните услуги ги давала 36 годишна Л.Е. Полицијата ја товари дека во повеќе наврати посредувала во давањето сексуални услуги и и поднесе кривична пријава. Истражниот судија на пријавената и одреди мерка притвор во траење од 30 дена.