ЖЕНА ОД ГОСТИВАР ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ ПО ДВА ДЕНА ТЕПАЊЕ ОД СОПРУГОТ


Жената која синоќа беше донесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ од Гостивар по претрпено дводневно семејно насилство од сопругот кој ја тепал, е во животозагрозувачка состојба и од Ургентниот центар, каде првично е донесена со возило на Итната медицинска помош, е пренесена на интензивна нега на КАРИЛ.

Жената има скршеници на ребрата и крварење во главата, по целото тело има гребаници.

Жената која синоќа со сериозни повреди и деформиран лик од удари беше примена во Ургентниот центар, дала податок на полицијата и на докторите дека сопругот ја тепал два дена. На прием таа била слабо контактибилна. Меѓу другите повреди, пациентката има хематом на устата. Насилството го пријавил нејзиниот татко по што од болницата во Гостивар таа беше пренесена во Скопје.

Од СВР Тетово соопштија дека сопругот на повредената жена е веднаш лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.

Од Обвинителството велат дека правната квалификација ќе биде одредена согласно доказите.

„Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, вели Обвиниелството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1