48 годишна жена во Канада починала откако била задавена од марамата која и се заглавила на ескалаторот во метро станица во Монтреал.
Според сведоците жената само што се качила на ескалаторот нејзината марама се заглавила во запчаниците и почнала да ја дави.
Жената се обидувала да се ослободи но и нејзината коса била фатена по што таа свртена на грб очајно се држела за марамата на вратот обидувајќи се да земе воздух. Ддодека да притрчаат очевидците жената веќе била мртва.
Се прегледуваат камерите од видео надзорот за да се види што точно се случило.