Истражување спроведено во Англија, потврдило дека не постои совршен маж и дека жените треба да престанат да фантазираат за таа идеја. Сепак, можно е дека може да го најдете фраерот кој е барем две третини „совршен“, кажуваат експертите.
Британското истражување било спроведено на 2.000 жени, кои во просек ги оцениле своите мажи како 69% совршени. Строгите Британки им ги одземале поените на своите мажи, дури и за најмалите работи како: оставање на подигната даска, па затоа не не ни зачудуваат резултатите. Од тоа експертите заклучиле дека на жените ниту еден маж никогаш нема да им биде ниту приближно совршен, и дека затоа таквиот не ни постои.
Не се знае со која намера се покренало ова истражување, но, покажало дека жените од година до година имаат се` по реален пристап, кога е љубовта во прашање – во смисла не го бараат повеќе принцот на бел коњ, туку маж со кого добро ќе се согласуваат, но и реално да ги прифатат неговите мани и ситни недостатоци.