Жените попрво би пеглале, отколку да имаат секс со сопругот



Едно испитување во Британија во кое учествувале 2000 возрасни луѓе, покажало дека една од три жени, го гледаат сексот како работа, по што голем дел од нив тврдат дека повеќе преферираат да читаат книга или да завршат некоја работа дома.

Некои од жените дури признале дека намерно поминуваат повеќе време во купатилото и при завршувањето на домашните работи, затоа што чекаат нивните сопрузи да заспијат.

Жените во брак, од 16 до 24 години, во просек имаат секс шестпати во четири недели. Во групата пак измеѓу 45 и 69 години ваквата бројка се намалва на два пати во четири недели.

Виновна е биологијата

Пола Хол, психотерапевот за секс и односи, вели дека за ваквите бројки делумно е виновна биологијата.
„Кога за прв пат сме во однос со некого, нашето тело произведува фенилетиламин, хормон кој што е одговорен за гладта, пеперутките во стомакот, како и фактот дека не можеме да бидеме еден без друг“, објаснува Пола.
„За жал, тоа слабее по 18 месеци, период за кој еволуцијата сметала дека е доволно за да  жената остане трудна.
Потоа произведуваме окситин – хормон кој поврзува и не држи заедно.
По деценија во брак, никој не чуствува потреба за партнер, посебно не жените кои имаат околу 40 проценти помалку тестерон одколку мажите. Тие мораат повеќе да се трудат за да ја одржат сексуалната потреба“, вели Пола.

Оживејте го заспаното либидо

Пола Хол смета дека жените не треба да чекаат мажите да им ги разбудат сексуалните желби, туку самите тие да пронајдат инспирација за сексуалното расположение, на пример да читаат некои еротски романи, да слушаат убава музика, или пак да уживаат во пенливо капење.
Покрај тоа таа силно верува дека една од најголемите стапици на успешниот сексуален живот е чекањето на партнерите, додека тие отидат на спиење во текот на ноќта.
„Одите во кревет затоа што се мртви уморни, зар не? Да не сте уморни, веројатно уште би работеле низа други работи. Затоа закажете го сексот во друго време и бидете квалитетни.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1