Жерновски најавува реферндум за Скопје2014 – експертите му порачуваат да си ги научи надлежностите


Се уште се размислува за референцум во општина Центар во врска со проектот Скопје 2014 за евентуална дислокација на одредени споменици, пишува Утрински.

zernovskiИнформацијата ја потврдуваат и од кабинетот на градоначлникот Андреј Жерновски
„За референдум се уште само се размислува. И да се случи тоа би било пред се’ заради принципот за транспарентност. Жерновски никогаш досега не рекол дека ќе урива споменици. Во неговиот речник и визии не постои збор уривање. Тој е дојден да гради се’ она што е од интерес на граѓаните“, велат од кабинетот на Жерновски од каде потврдуваат дека градоначалникот се’ уште сериозно не ги разгледал сите можности, ниту, пак го дефинирал потенцијалното референдумско прашање.

Експертите му порачуваат на градоначлникот на Центар да си ги научи надлежностите

„Мислам дека има премногу политички набој, Жерновски се’ уште плива со еден балон со хелиум. Прво треба убаво да си ги разгледа и научи надлежностите па потоа да се впушта во било какви изјави. Како и да е, тој во ниту еден случај не може да оспорува нешто што е правно основано како што е целиот проект ‘Скопје 2014‘ вклучувајќи ги и спомениците“, коментира за Утрински професорот и претседател на скопскиот Совет, Владо Поповски.

cnnskopje2014-499x281Дека тешко ќе ја оствари својата намера смета и професорката Татјана Каракамишева Јовановска.

„Иако законот за локална самоуправа дава можност за распишување на референдум, Жерновски не ќе може да го стори тоа по прашањето за спомениците или пак генерално за ‘Скопје 2014‘ бидејќи во најголем дел тоа се проекти на Министерството за култура и Град Скопје. Во случај и спомениците да се дело на Општината, доколку тие се платени со пари од Министерството за култура, целата постапка се усложнува“, вели за УтринскиТања Каракамишева Јовановска.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1