Мајки издржете – ќерките престануваат да се караат со вас на 23 години


Според најновите истражување една просечна британска тинејџерка годишно 183 пати се кара со својата мајка, 164 пати ја треснува вратата, 123 пати плаче за своето момче, 257 пати се расправа со своите браќа и сестри и 127 пати со пријателите.

majka kjerkaСепак постои пресвртна година кога жените почнуваат да сфаќаат што им зборувала мајката, а тоа е 23 година. Иако можеби ниту тогаш не можат да се согласат со мајките, 40 проценти изјавиле дека конечно сфатиле дека таа цело време работела во нивен интрес.

Три-четвртини од жените истакнале дека се им се благодарни на своите мајки за начинот на кој биле воспитувани, а дури 67 отсто истакнале дека благодарение на мајката денес се таква личност.

Истражувањето, со кое биле опфатени 2.000 жени, покажало дека 25-тата година е кога односот меѓу мајката и ќерката станува идеален. Но, 33 проценти од испитаничките наведе дека и како возрасни се срамат да зборуваат со својата мајка за менструацијата, за сексот, за контрацепцијата и кондомите.

 

###

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1