Научниците се на трагата да ја докажат приказната на Жил Верн, стара 150 години, за постоењето на подземен океан на нашата планета
Овој дијамант, кој е наречен Ринводит, го има исклучиво на метеоритите, а ова е прв доказ дека е присутен и на Земјата. За овој минерал е значајно тоа што е присутен на места со вода.
На површината на земјата е исфрлен во текот на вулканска ерупција, од длабочина од неколку стотина километри, изјавуваат од тимот истражувачи предводен од Грахам Пирсон, од канадскиот Универзитет во Алберти. Тоа е индикатор дека во длабочините на земјината кора се кријат големи резервоари со вода, поголеми од сите океани на планетата заедно.
Постои голема веројатност дека водата не е во течна состојба, туку во форма на хидроксил во разни карпи, кои се наоѓаат во т.н. транзициона зона, на длабочина од 400 до 600 километри.