Жирант на братучед – поради туѓи долгови остана без куќа со 2 мали деца


Внимавајте на кого сте жирант, затоа што постојат голем број на примери во кои,оние кои што не можеле да ги исплатат ратите, „загазуваат дебело“, а таков пример е и со младото семејство,со две малолетни деца,од Пољанац во Лудбрег во Хрватска, кои се наоѓаат во тешка ситуација поради големите заеми на нивнот роднини, на кои тие се жиранти.

1039007.48Банката ја ставила нивната куќа под оглас, а за продажбата воопшто не ги ни известила.

Ирена Сабол Његовец, млада мајка која со години ја предводи борбата со банката и надлежните органи, изјавиа дека е беспомошна и дека најмногу се плаши за нејзините деца.
„Мојот татко во 1997 година беше жирант за кредит кој што го подигна неговиот братучед од Ѓаково. Беше збор за наменски кредит за винарија.

Сепак тој прекинал да ги плаќа обврските, а потоа во 2000 година, банката му го раскинала договорот, и ја презела нашата куќа“, изјавила Ирена.
Таа вели дека го избегнувала братучедот на татко и со години, а во меѓувреме нејзиниот татко починал од мозочен удар.

„татко ми се скрши. Немаше сила и почина. Роднината го немаме видено повеќе од 14 години, а мајка ми се обидуваше да го реши проблемот со банката. Интересно парично не не теретеа, но едноставно ни ја презедоа куќата. Банката ја стави куќата на оглас, без да не извести за тоа. Покрај тоа не можевме да ги платиме ратите за струја, затоа што банката е сопственик и сметките сега одеа на нејзина адреса – и струјата ни ја исклучија.

Барав помош од центарот за социјална работа, но ми беше кажано дека со оглед на мојата ситуација, децата можат да бидат сместени во згрижувачко семејство“, вели Ирена.

Eдинствено им преостанувало да бидат избркани или да ја откупат сопствената куќа, која ја изгубиле поради туѓ кредит.
Здружението на жирантите кое е основано од страна на граѓани со цел да им помогне на луѓето, е ангажирано околу младото семејство со двете мали деца.

НИЗ ЕВРОПА МОЖНО Е ДА СЕ ПРОДАВА МАГАРЕШКО МЕСО
МАЈКА НАШЛА ХЕРОИНСКА ИГЛА ВО ВЕКНА ЛЕБ
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1