Жирито ги наместило гласовите? Еве зошто Евровизија ни го дисквалификувала гласањето


Иако јавноста беше шокирана од евровизискиот скандал во кој беа инволвирани Македонија и Црна Гора, сепак организацијата на Евровизија објасни за точната ситуација поради која отфрлила дел од гласовите на овие две земји, пренесува Среќа.мк. glasvosi-evrovo500

Според информациите, земени се предвид само гласовите од телевоутингот според кој гласала Македонија, односно поради сомнителноста, гласовите на македонското стручно жири се отфрлени.

Како што јавуваат од Евровизискиот клуб на Македонија, сите 5 члена на нашето стручно жири ги дале своите гласови идентично за истите земји, што предизвикало сомнеж во Европската радио-дифузна унија, поради што тие гласови се отфрлени.

hit-portal-ziri1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1