Жител на Љуботен – Се помолил во манастир за здравје и умрел


Ваква бизарна смрт денеска го снајде 74-годишен жител на штипското село Љуботен.Старецот утринава отишол на селска слава во соседното Пиперово по повод денешното чествување на православниот празник „Свети Јоаким Осоговски“.

kliniki- brza pomos urgentenСпоред кажувањето на мештаните, кои биле во манастирскиот двор, старецот влегол во манастирот и додека се молел му се слошило. Другата верзија на очевидците е дека, несреќниот верник сакал да се фати на орото, но не успеал. Како и да е, без успех останале обидите на неговиот син и присутните, лицето да го вратат во живот.

Повикале брза помош и, во меѓувреме, не чекајќи повиканата екипа да дојде, бидејќи манастирот кај селото Пиперово е оддалечен од градот 20 километри, со автомобил тргнале за Штип. Кај селото Лакавица, лоцирано на самата магистрала Штип-Радовиш се пресретнале со возилото на брзата помош.

Според информациите кои Канал 5 ги доби попладнево од надлежните од Брзата помош, нивната екипа половина час, приклучувајќи го на апарати онесвестениот старец, безуспешно се обидувала да го врати во живот, констатирајќи ја смртта како последица од здобиен тежок инфаркт.

Канал 5

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1