Жителите на Вевчани револтирани: 6 дена немаме струја – бараме одговорност од ЕВН


Жителите на Вевчани се револтирани од односот на одговорните во решавањето на кризата со електричната енергија, која трае веќе шест дена. Вчера формираниот граѓански Кризен штаб ги демантира информациите дека е нормализарано снабдувањето со електрична енергија.

vevcani 1

– Мислам дека крајно време е да не се манипулира со јавноста и да се поигрува со чувствата на вевчанци и сите граѓани кои деновиве се во незавидна ситуација. Слушаме од претставникот на државата во ЕВН пофалби за работниците кои работат на решавање на проблемите, репсект кон секој работник кој на овие екстремни временски услови дава се од себе да се отстранат дефектите, но очекував дека нашиот застапник ќе се извини на сите кои немаме овие денови електрична енергија. Напротив пола Вевчани има, пола нема струја, иако најави дека Вевчани доби електрична енергија. Кризниот штаб во Вевчани сериозно ќе ја тера оваа битка до крај. Дефинитивно доколку ЕВН не е подготвена она што го договориле, да го пласира производот до потрошувачите, нека си оди. Нека се врати тоа на нашата држава, ионака сме партнери со ЕВН судејќи по сметките, барем тоа да биде за нашата држава – изјави Тоше Чочороски од Кризниот штаб на Вевчани.

Тој додаде дека вевчанци се повредени од тоа што им се случува изразувајќи надеж дека денеска целата општина ќе добие електрична енергија

-Овие шест дeна не можат да се надокнадат со ништо, напротив нашето достоинство е многу повредено, додаде Чочороски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1