Тие како да се од некоја друга планета, но не се. Ретко се болни, не знаат за тумори, изгледаат многу младо, а нивните жени може да раѓаат и на 65-годишна возраст Припадниците на народот Хунза се секогаш насмеани, весели и цврсти. Секогаш изгледаат младолико
Хунзите живеат на планините во северен Пакистан, ги има околу 87.000, а посебни се по тоа што живеат просечно по 100 години, но многумина од нив без проблем доживуваат и до 120. Поединци живееле и 160 години. Ретко се болни, не знаат што е тоа тумор, многу се младолики, а нивните жени раѓаат и на 65 години.
Еден кинески магазин во 1984 година опишал многу интересен настан. Еден припадник на Хунзите, по име Саид Абдул Мобуда, ги збунил сите работници на емиграционата служба на лондонскиот аеродром Хитроу, кога го покажал својот пасош. Тој бил роден во 1832 година и имал 160 години. Се сметал за штитеник во земјата на Хунзите, а паметел настани уште од 1850 година.
Книгата „Хунзи – луѓето кои не знаат за болест“ од авторот Р. Бирчер, ги истакнува основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот:
Вегетаријански начин на исхрана – голема количина на свежи намирници, во исхраната доминираат овошје и зеленчук, природни производи, без никаква дополнителна хемија, намирници кои се подготвуваат на тој начин што се чуваат сите нивни биолошки вредни материјали, алкохолот и слатките се на списокот на намирници кои ретко се конзумираат, и го почитуваат редовниот период на гладување.
Тие се жив доказ дека исхраната и начинот на живот влијаат на човекот. Хунзите се капат во ладна вода, дури и ако е под нулата. Го јадат само она што го одгледуваат, а се хранат со овошје и зеленчук, мешунки, суви кајсии, разни житарици, како и овчо сирење, млеко и јајца.
За нив нема меѓуоброк, само појадок и ручек. Многу одат, дури до 15-20 километри на ден. Многу ретко јадат месо, само два пати годишно јадат малку јагнешко или пилешко. Исто така, многу се смеат.
Еден дел од годината не јадат ништо во траење од 2-4 месеци, туку само пијат сок од суви кајсии. Тоа кај нив е традиција од дамнешните времиња која многу ја почитуваат, а се одвива во добата од годината која овојшјето се уште не е зрело. И докторите се согласуваат дека токму начинот на нивната исхрана и периодите на гладување се заслужни за доброто здравје и долговечноста.
Имено, навиката за консумирање на голема количина кајсии можеби е заслужна во заштитата против туморите. Семките од кајсии се богати со витамин Б-17 кој делува антиканцерогено, а тие прават масло од семките. Но, станува збор за многу мали дози, бидејќи во спротивно би можеле да бидат опасни по живот.
Кај нив е дури и престиж кое семејство има повеќе стебла со кајсии на својата земја. За жал, денес и меѓу нив доаѓа нездравата индустриска храна, па се појавиле кариес и проблеми со варењето, што претходно не ги познавале.
На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, одржан во август 1977 година, експертите објавиле дека „според геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни региони во светот), целосно отсуство на рак се јавува само кај народот Хунзи“.
Овој издржлив и полн со живот народ за себе вели дека се потомци на Александар Македонски и неговата војска. Некои од нив во времето на освојување останале во нивните села и се ожениле. Медиумите во 1984 година пишуваа за Саид Абдул Мобуд од народот на Хунзите кој дошол на аеродромот во Лондон и ги збунил официјалните лица покажувајќи им го пасошот. На него пишувало роден во 1832 година.