Пластиката е нераздвоен дел од нашето секојдневие. Секој ден децата си играат со пластични играчки, насекаде фрламе платични ќеси, пиеме вода од пластини шишиња, ставаме кациги од пластика, па дури и мобилните телефони се пластични.
Но, дали си правиме добро сами на себе и дали ја чуваме планетата? Безброј истражувања го кажуваат спротивното. Пластичните играчки за деца – причина за многу заболувања!!
За своите деца, исклучиво купувајте производи од веќе проверен произведувач кој е сертифициран и работи по сите стандарди. Познато е дека играчките од кинеска пластика се штетни, и во долг рок, можат да предизвикаат многу заболувања кај децата.
Играчките кои се штетни за вашите деца содржат хемикалии и тешки метали како фталати, бензен, формалдехид, етил бензен, ацетофенон, а-пинен, олово и хром. Доколку некоја играчка му се допадне на вашето дете, а вие во составот да прочитате некоја од наведените хемикалии, не му ја купувајте.
Исто така, докажано е дека платиката е особено опасна за жените. Се смета дека поради консумирање на течности од пластика, жените побрзо велгуваат во менопауза.
Шишињата за вода!
Еве на пример, на секои пет минути консумираме вода од два милиони шишиња, а колкава ли е бројката на дневно или годишно ниво.
Веројатно пред само некоја деценија не сте ни помисувале дека обичната вода ќе ја пиеме од пластично шише. Моќните корпорации и нивниот маркетинг се погрижија пластиката да биде дел од нашиот живот, во секој облик. Но еве на пример прашајте се зошто тие не ги пласираат производите во сиромашните земји во Африка, туку во развиените друштва каде има голема платежна моќ. Поради хемискиот состав на пластиката и опасноста по нашето здравје, најпрво треба да ги препознаваме ознаките кои ги има на пластичните продукти.
Еве ги ознаките на пластиките:
PET (Полиетилен) -Овие шишиња се наменети исклучиво за еднократна употреба. Испуштаат тешки метали како антимон и EPA, кои штетно делуваат на хормоните.
HDP (густ полиетилен) – Испушта хемикалии.
PVC (поливинил хлорид)- Испушта две отровни хемикали штетни за хормоните.
LDPE (негуст полиетилен) –Не е опасна, не се употребува за изработка на шишиња туку за пластични ќеси за храна
PP (полипропилен)– Ова е „добра“ пластика. Обично е бела или полупроѕирна. Во ваква пластика се пакуваат сирупи или чаши за јогурт.
PS (полистирен)– Една од најопасните пластики. Испушта канцерогена хемикалија -STIREN. Најчесто оваа пластика се користи за една употреба и во не се пакуваат кафињата за носење.
PC (или ако нема никаква ознака) – Најлошата пластика која најчесто се користи а испушта BPA. Од неа се прават шишенца за бебиња, спортски шишиња и садови за домаќинство.