Канаѓанката Аманда починала само неколку часа по последниот твит. Нејзината сонародничка Шенон Мек Карни, која не ја ни запознала Аманда, ги собрала нејзините твитови и направила видео.
Твитовите ја раскажуваат приказната на тешко болната девојка.На почетокот, пред да дознае дека боледува од неизлечива болест, Аманда пишува твитови за нејзиниот секојдневен живот – за работа, дома, како се заглавила во лифт…
– Кој ја остави честитката за Денот на вљубените на моето биро“ или
„ Не одговарам на маилови поврзани со работа во недела, освен ако не ми платат“ – пишува безгрижната девојка.
Потоа, на Твитер ја споделува својата огромна загриженост кога лекарот ја повикал да разговараат „за резултатите“ Мора да е нешто страшно, штом те бараат од кај лекарот? – вели Аманда.
По неколку дена Аманда ја добива дијагнозата – рак на мозокот во поодминат стадиум. Соопштено и е дека ќе живее уште 3 месеци.
Заминува на Куба, ја посетува Панама, Никарагва….но по извесно време веќе не се чувствува добро. Се враќа дома.
Од овој момент Аманда ги пишува советите до луѓето кои имаат среќа да поживеат подолго – Треба да соберам храброст да и се јавам на мајками, со која не зборувам 5 години. – Не држете лутина, простувајте, животот е краток!
Следува твитот со кој Аманда соопштува дека последен пат оди во болница. Следниот го постира нејзиниот брат, да соопшти дека неговата сестра впочинала во болница.
Погледнете го видеото кое Канаѓанката Шенон го направила во чест на Аманда, иако никогаш не ја запознала. Се состои од твитовите на девојката која умира, кои го кинат срцето!