Со топлотен бран од жолта фаза, ќе биде зафатен дел од територијата на држава, Скопје, Куманово, Велес, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Валандово, Демир Капија и Дојран, соопшти Министерството за здравство.
Поради високите температури и зголемената можност за активност на комарци, Министерството потсетува да се почитуваат општите препораки за заштита од топлотен бран, како и посебно внимание да се посвети на препораките за заштита од комарци, меѓу кои се: употреба на мрежи против комарци за заштита на бебињата, старите лица и сите други, се препорачува употреба на спирали/ленти против комарци, репеленти и во текот на дневните часови – електрични вапоризатори (спреј), стои во соопштението од Министерството.