Жолтицата во Скопје – зараза во урбана средина и кај интелектуалци


Карпош, Центар, Аеродром, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров – урбани средини каде има регистрирано случаи на жолтица. Сегашната епидемија во Скопје наместо во руралните подрачја е сконцентрирана во градското јадро. Епидемиолози за zdravstvo24.mk коментираат дека меѓу заразените има и интелектуалци, односно профил на луѓе кои знаат на кој начин се шири заразата.zolticaaa-300x203

Од друга страна, во бројката од 144 заболени досега, многу е мал бројот на оние кои живеат во руралните средини. Поделено по општини најмногу ги има во Шуто Оризари каде изминатиот период епидемиолошки тимови постојано беа на терен – чистење на домовите каде има по неколку членови со жолтица како и разговор со локалната самоуправа за поголеми превентивни мерки. И ако за Штип изјавија дека водата е причина за епидемијата со жолтица, во Скопје нема извор. Сите заразени се преку контакт .

Меѓу регистрираните веќе има и десетици основци што остава простор за сомнеж од евентуално ширење на заразата во училиштата. Но според евиденцијата на епидемиолошките служби, во едно од училиштата во Шуро Оризари заболените ученици воопшто и не почнале со училишната настава.

На Инфективна клиника се хоспитализирани 21 пациент со ова заразно заболување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1