Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови и на планините се уште ќе има услови за провејување на слаб снег, а веќе во попладневните часови ќе има намалување на облачноста. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус три, а дневната од минус два до шест степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност која во попладневните часови ќе се намалува и ќе донесе претежно ведро време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до четири степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. До четврток утринските температури на повеќето места ќе бидат пониски од минус пет степени, а потоа ќе бидат во постепен пораст.
За викендот се очекува потопло време.