„Златна зора“ стартува здравствена програма само за грци


 

Крајнодесничарската грчка партија „Златна зора“ стартува здравствена програма, наменета само за грчки граѓани, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“.

Програмата е наречена „Лекари со граница“. На официјалната страница на партијата е објавен повик до сите лекари, кои сакаат да учествуваат, да се поврзат со одговорниот за здравствени теми во „Златна зора“.

Меѓу ваквите слични иницијативи на партијата се и доделувањето помош во храна, банка на крв и центар за барање работа, а во програмите се вклучуваат само грчки граѓани.

Минатата недела „Златна зора“ објави дека ќе формира синдикат на таксисти Грци. Меѓу иницијативите на организацијата е бесплатен превоз на сиромашни Грци и точење на бензин на бензински станици, на кои не работат илегални работници.

Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1