Злато во Македонија: Иловица има 70 тони злато, ќе се работи 23 години


Геолошкиот завод на Република Македонија ја заврши ревизијата на елаборатот од извршените геолошки истражувања за проектот за изградба на рудник за бакар и злато кај Иловица и Штука во општина Босилово. Согласно законската обврска, со ревизијата се потврдуваат рудните резерви што претходно беа утврдени, пренесува МИА.

zlato

Според геолошките истражувања, во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Од овие количини, истражувањата потврдуваат искористувања од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Површинскиот коп кај Иловица и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно. Просечното годишно производство е проектирано на 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години.

Со ревизијата  заврши фазата на деталните геолошки истражувања и се исполнија сите услови за продолжување со развојот на проектот, согласно регулативите.

Неодамна, преку непосредна приватна продажба, Европската банка за обнова и развој стана сопственик на 19,99 отсто во Еуромакс Рисорсис, заради инвестициски цели.

Согласно плановите, рудникот за бакар и злато кај Иловица и Штука треба да стартува со работа во 2017 година. Вкупната инвестиција за развој и изградба на рудникот ќе изнесува околу 500 милиони американски долари, а предвидено е да се вработат околу 400 лица

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1