Змиите почнаа да касаат – поскок каснал 32 год човек во Велешко


Две лица од велешко се хоспитализирани додека извршувале земјоделски работи, информираа од Брзата помош од Велес.

kiss4Snake-Oxyuranus_microlepidotus

Во првиот случај  32 -годишен жител на селото Горно Јаболчиште С.К. е каснат од змија во близина на селото Црешнево, објави Дневник.

Додека тој ја собирал искосената трева за сено, поскок го каснал за показалецот од  десната рака. Брзата помош морала да вози по тешко пристапен, лош и непознат терен за навреме да стигне и да му даде противотров. Успеала и го спасила, а потоа веднаш е пренесен во велешката Болница каде бил згрижен.

Во друг случај, земјоделец В.Н. од селото Раштани В.Н. добил топлотен удар додека  на ден пладне работел на нива. Брзата помош итно го пренела во велешката болница каде му е дадена неопходната помош и тој е во добра состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1