Знаци дека вашиот телефон ве шпионира: Веднаш извадете ја батеријата ако ви се случува ова!


Се појави нов и проблематичен android malware кој може да им ѕвони на контактите од вашиот именик или да фотографира дури и ако уредот е исклучен, предупредува компанијата за сигурносни истражувања AVG.cell_phone_danger-263x164

За да успее во тоа, штетниот софтвер ја презема контролата над процесот на исклучување на телефонот и создава илузија дека уредот се исклучува. Се гледаат анимации, екранот зацрнува, но всушност, телефонот и понатаму работи. Во таа состојба, malware-от може да испраќа пораки, да им ѕвони на контактите и да фотографира, па така во принцип станува уред кој ве шпионира.

AVG објави некои делови од кодот на оваа технолошка закана по име Android/PowerOffHijack. Овој malware може да влијае врз сите телефони со инсталирана верзија на андроид под 5.0 и да бара дозвола на root телефонот за да работи.

Досега се заразени нешто повеќе од 10.000 мобилни телефони, главно во Кина, каде што за првпат и се појавил.

Најновите антивирусни програми на AVG можат да ја неутрализираат оваа закана, но компанијата и понатаму им препорачува на корисниците да ја извадат батеријата за да бидат сигурни дека телефонот навистина се исклучил.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1