ЗНМ го осуди бркањето на новинарите – Ги прекинува разговорите со Владата


E8468AE343793B42945B60F6DBBE4BCE

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува денешниот инцидент во Собранието каде на насилен начин новинарите беа исфрлени од галеријата од каде ги следат пленарните седници, изјави вечерва претседателот Насер Селмани

– Со тоа грубо е прекршен Уставот кој ја гарантира слободата на изразување  и слободата на медиумите , рече Селмани.

ЗНМ ќе ги искористи сите правни механизми да ја заштити слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Исто така ЗНМ ќе ја алармира целата домашна и странска јавност за случувањата во Собранието.

 1EEC072039445745A0B10B7AAAA0EB66

Здружението на новинари на денешната итна седница одлучи да ги прекине разговорите со Владата, во знак на протест што новинарите беа исфрлени од Собранието и спречени да информираат додека пратениците внатре го гласаа Буџетот за 2013-та година.

“Разговорите се прекинати сè додека не се врати уставниот поредок во земјата и извршителите и наредбодавачите на срамното однесување и исфрлување на новинарите од Парламентот, не бидат откриени и казнети согласно законот” стои во соопштението на ЗНМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1