Познатата актерка Катарина Радивојевиќ, или нам добро позната како Зоне Замфирова е на чекор до остварување на својот сон. Таа на лотарија која американската влада секоја година ја организира за имигрантите, доби зелена карта, што на актерката ќе и овозможи без пречки да живее и работи во САД.
Некогашната Зоне Замфирова дури четири пати аплицирала, а последниот пат од 20.000 што се пријавиле таа била една од 200-те среќни добитници. Интересно е што нејзината сестра Јасна пред неколку години исто така доби зелена карта, како и нејзиниот зет, па сега живеат во Лос Анџелес.
– Задоволна сум од зелената карта. Досега имав работна виза само за ангажмани во областа на актерството, а сега конечно ќе ми биде овозможен постојан престој, па и продолжување на школувањето таму. Иако пет години живеам на релација Србија – Америка многу е тешко да се оствари американскиот сон. Зад себе имам успешна кариера во Србија, но таму морав да почнам од нула, изјави убавата Катарина.