За џихадисти нема пасоши – ќе им се одземаат… одиш во Сирија нема враќање


Францускиот уставен совет го одобри денес одземањето на француското државјанство на еден џихадист, кој истовремено поседува и друго државјанство, јавува дописникот на МИА од Париз.islamisti djihad terorizam

 

Прашањето кое беше поставено до Уставниот совет гласеше: Дали може да му се одземе француското државјанство на едно лице осудено за тероризам, под услов тоа да поседува и друго државјанство? Одговорот на Уставниот совет беше потврден.

Оваа одлука се очекуваше со внимание во контекстот на последните случувања во Франција. Таа се однесува на еден конкретен случај на едно лице осудено за џихадизам кое поседува француско и мароканско државјанство.

Владата на Франција но и претставниците на опозицијата сакаат оваа мерка да ја вклучат во арсеналот на мерки за борба против тероризмот, како што потсети оваа среда премиерот Мануел Валс.

– Се поставува легитимно прашање за последиците на кои се изложуваме. Кога одлучуваме да ја нападнеме Нацијата на која и припаѓаме, без разлика дали сме родени во неа или сме биле прифатени во неа, објасни Мануел Валс.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1