Исповед на гинеколог: Откако сонував удавени бебиња се ми тргна наопaку


Едно чудо на преподобниот Димитриј, за кое сведочи Алексеј И. (53 години), специјалист, хирург и гинеколог и ја објаснува чудесната интервенција на светителот во неговиот живот.

-Јас сум хирург-гинеколог околу две децении и голем дел од мојот живот го поминав мирно и богато! Од 1999 година мојот живот одеднаш тргна во поинаква насока и потполно се измени…sv dimitrij

Една доќ сонував мноштво новороденчиња. Новороденчињата како да се бањаа под вода, во еден џиновски аквариум, кој се наоѓаше пред мене и ми се чинеше дека се дават, бидејќи го фаќаа безнадежно стаклениот ѕид на аквариумот, барајќи излез. Никогаш нема да ги заборавам тие очајни и големи очи кои гледаа кон мене! Од следниот ден во мене влезе голема грижа, која ме доведе до овој голем очај.

На мојата сопруга и беше дијагностициран рак во градите и беше подложена на операција којашто ја беше обележала цел живот без никаква гаранција дали ќе преживее. По некое време мојот син, кој тогаш беше во гимназија, ми призна на еден чуден начин дека должи многу пари на некого и дека неговиот живот може да биде во опасност ако не го врати неговиот долг. Наскоро по ова дознав дека станал зависен од наркотици и позајмувал пари уште повеќе, бидејќи не му стигнувале да си ги исполни дневните дози.

Не помина една недела ми го украдоа автомобилот (потполно нов Пасат фолсваген), кој што не успеав да го осигурам од кражба. Сета оваа црна слика се дополни со еден пожар кој ја зафати внатрешноста на нашата викенд-куќа. Бев потполно истоштен! Бидејќи бев христијанин само декларативно, одеднаш ми дојде да се искачам на Патријаршијата, бидејќи денот кога бев најочаен се совпаднаа со 27 октомври, денот во кој се слави свети Димитриј и кога се поклонуваме на неговите мошти.

Додека чекав ред да се поклонам на моштите на светителот, тивко се молев на светителот, прашувајќи го пред неговиот ковчег пред кој требаше да клекнам, каде сум згрешил за одеднаш да ми дојдат толку несреќи врз мене и што да правам сега. Кога се најдов пред кивотот со неговите свето мошти, ми дојде да плачам и неможев да престанам . Сега верувајте ми дека уште наредната ноќ свети Димитриј Новиот (Басарабов) ми се појави во сон и ми проговори со многу љубов и добрина, претставувајќи ми ја вистината која ја имав потполно заборавено, бидејќи бев неблагочестлив!

Ми кажа дека оние новороденчња кои ги сонував во мојот сон се оние 187 кои не успеаа да дојдат на овој свет, бидејќи јас им напарвив киретажа на нивните мајки, кога тие тоа го бараа од мене и добивав голема сума од пари од нив какко награда за тие злодела, пари кои не ги заслужив.8-month-fetus-model-with-pl

Светителот продолжи да ми просветлува со истата добрина, велејќи ми дека ако треба продолжам така, да извршувам толку детеубиства, несреќите кои ќе доаѓаат врз мене ќе бидат поголеми. Понатаму побара од мене да крстам толку деца, колку што имам убиено неродени со мите раце, велејќи ми: „Ќе видиш каков резултат ќе имаш ако до крајот на животот ако правиш такво добро дело! И не греши повеќе…“

Од тој ден немам правено ниту една киретажа и живеев само од лекарски испитувања, бремености или хируршки интервенции кои кои им помогнаа на некои деца да дојдат на овој свет. За брзо време тргнавме со мојата сопруга во детските домови заедно со нашиот прохиски свештеник, крштевајќи барем едно дете во месецот. Ви признавам дека, без да бидам свесен работите зедоа поинаква насока во мојот живот.

Денес, после 5 години, мојата сопруга се чуствува добро и покрај тоа што ја изгуби едната града, и мојот син откако заврши средно образование, ме замоли да го однесам во една клиника за наркозависници. Испитувањата на мојата сопруга покажуваат дека опасноста од ракот помина. Домот ни се прероди со тешкотија, но добро е, за еден грешник како што сум јас.

Нашите приходи не се намалија и покрај тоа што не правев киретажи. Јас станав навистина верник, којшто се свести барем во 13-от час, дека во животот се се плаќа согласно лошите и добрите дела кои ги вршиме. Гледате како дејствува Бог преку неговите светители! Преподобниот Димитриј Басарабов не ни направи едно „вобично“ чудо, не ми го спаси животот на еден посебен начин, на пример, од една сообраќајка, но ми го отвори умот и ми помогна да се спасам, преку моите дела!“

Преподобниот Димитриј има извршено многу чудеса, кои не се запишани овде. За жал, поголемиот број чудеса не се запишани од страна на оците од храмот. Се надеваме дека понатаму оците кои служат во хтрамот на свети Димитриј ќе ги запишуваат чудесата кои се случуваат кај моштите на светителот, за укрепување на оние кои немаат толку силна вера.

Превод од грчки јазик: свештеник Јани Мулев

Извор: amvon.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1