– Се прашувам само едно – зошто ми е сега животот, напиша на Твитер Роман Скворцов кој во авионската несреќа ги загуби 37 годишната сопруга и 11 годишната ќерка.
Роман и Елина се венчале минатиот октомври. 11 годишната Дарја е ќерка на Елина која Роман ја посвоил. Патничкиот Боинг 737се урна на пистата во Казан при слетувањето, при што експлодира. Сите 50 лица во авионот, 44 патници и шест членови на екипажот загинале во несреќата, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Претходно имаше недоумица дали станува збор за 50 или 52 жртви. Меѓу жртвите, според овие информации се наоѓа и синот на претседателот на Татарстан Ирек Миниханов, висок безбедносен републички функционер Александр Антонов и сопругата на познатиот руски спортски коментатор Роман Скворцов.
Повеќе информации –