Зошто најмногу се дебелееме баш на стомакот?


Се што ќе изедете ви се „лепи“ на стомакот? Прочитајте зошто тоа се случува и како да го спречите.

 1. Брашно

„Пивскиот стомак“ не е последица на пивото туку на житариците. Лицата кои имаат ваков стомак најчесто јадат производи од брашно со висок гликемиски индекс. Денешните житарици па дури и интегралните всушност се хибриди кои имаат и по десет пати повеќе глутен отколку житариците пред педесет години.

 2. Стрес

Стресот влијае на хормоните. Истата жлезда која го создава адреналинот го создава и кортизолот. Кортизолот е последица на хроничен стрес, може да се складира, да создаде хормонална нерамнотежа и насобирање на масно ткиво на стомакот.

Кај жените кои имаат неврамнотеженост на естрогенот исто така може да дојде до насобирање на масно ткиво во стомакот.

Кај мажите неврамнотежениот тестостерон е убиствен за нивната добра линија.

Стресот влијае и на овие хормони.

 3. Утеха во храна

Ако стресните ситуации ги ублажувате тешејќи се со храна која е полна со рафиниран шеќер, едноставни јаглени хидрати и лоши масти очекувајте зголемен стомак. Обидете се да пронајдете друг начин за ублажување на стресот.

 4. Несоница

Квалитетниот сон е многу важен чекор до рамен стомак. Пожелно е спиење од 8 часа. Доколку немирно спиете или тешко заспивате пијте го кафето само на утро. Пред да заминете во кревет опуштете се. Погрижете се спалната соба навечер да биде во потполн мрак и да не е претопла.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1