Истражувачите од институтот за еволуција од Монпеље се позанимавале со жените кои не поседуваат исти особини за кои се знае дека се особини на селекција, како бојата на очите и исполнетоста на усните.
Научниците и истражувачи од овој универзитет и институтот за истражување на развојот, поставиле две хипотези. Првата се однесува на феноменот хомогамија кој е забележан кај повеќе животински видови, кога претставниците од едниот вид ги привлекуваат оние кои им се генетски блиски, односно оние ои наликуваат на нив.
Втората хипотеза се однесува на „неизвесност на татковството“ и на тврдењето дека постои тенденција дека на мажите повеќе им се допаѓаат женските црти кои се ретки.
– Така, на мажите би требало повеќе да им се допаѓаат плави очи и тенка уста во однос на кафените очи или полните усни, со што кај своите деца лесно ќе може да си ги забележат своите генетски карактеристики, објаснуваат истражувачите.
Истражувачите испитувале околу 100 мажи и од нив побарале од слика да го изберат лицето на жената за која сметаат дека им е привлечна. Се покажало дека повеќето мажи се определиле за жени кои со нив имале некаква сличност.
Анализирале и фотографии од парови со најмалку едно дете со цел да се утврди колку генетските карактеристики имаат влијание врз изборот на партнерот. Констатирано е дека вистинските партнери имаат повеќе заеднички црти на лицата за разлика од лицата кои по случаен избор се споиле.
Кога станува збор за хипотезата за „неизвесно татковство“, екипата од експерти планира дополнително да истражува и да го одгатне значењето на хомогамијата во изборот на сексуалниот партнер, посебно дали потомците од генетски блиските партнери има било каков позитивен еволутивен белег.
Стручњаците настојуваат да утврдат и дали овој феномен е од локален тип, својствен само за Западот, или е присутен и во другите култури.