Межгорје е град во Русија кој со години претставува голема тајна и поради тоа е затворен за посетители. Овде живеат луѓето кои се вработени на мистериозниот врв Јамантау на надморска височина од 1.640 метра на Урал.
Овој град е основан во 1979-тата година, а низа од различни околности во последните три децении го ставија под сенка на мистериозноста.
Сателитските снимки покажуваат дека на оваа локација под земја се наоѓа огромен нуклеарен објект или бункер. Тој е изграден во времето на мандатот на рускиот претседател Борис Јелцин. Над бункерот се изградени касарни за два воени гарнизона “Белорек 15″ и “Белорек 16″.
Американската влада веќе со години ги предупредува руските власти да откријат што се случува на таа планина, затоа што сметаат дека се работи за нуклеарна централа.
Русите на прашањата поставени од страна на САД даваат и различни одговори. Меѓу објаснувањата се најдоа и оправдувања дека се работи за рудник, магацин за храна, ризница на руско богатство, објекти за заштита на луѓе, но и образложенија дека ова е бункер за раководството во случај на нуклеарна војна.