Зошто Путин овој град го затворил за јавност?


Во овој руски град никој не смее да зачекори, а многумина негодуваат за тоа што се крие во него. Мистериозната населба е особено интересна за Американците.

Межгорје е град во Русија кој со години претставува голема тајна и поради тоа е затворен за посетители. Овде живеат луѓето кои се вработени на мистериозниот врв Јамантау на надморска височина од 1.640 метра на Урал.mezogorje

Овој град е основан во 1979-тата година, а низа од различни околности во последните три децении го ставија под сенка на мистериозноста.

Сателитските снимки покажуваат дека на оваа локација под земја се наоѓа огромен нуклеарен објект или бункер. Тој е изграден во времето на мандатот на рускиот претседател Борис Јелцин. Над бункерот се изградени касарни за два воени гарнизона “Белорек 15″ и “Белорек 16″.Mezhgorye-2-480x276

Американската влада веќе со години ги предупредува руските власти да откријат што се случува на таа планина, затоа што сметаат дека се работи за нуклеарна централа.

Русите на прашањата поставени од страна на САД даваат и различни одговори. Меѓу објаснувањата се најдоа и оправдувања дека се работи за рудник, магацин за храна, ризница на руско богатство, објекти за заштита на луѓе, но и образложенија дека ова е бункер за раководството во случај на нуклеарна војна.mezogorjee-480x412

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1