Зошто таткото на Леонардо Дикаприо бил криен од очите на јавноста (ФОТО)


Големиот холивудски заводник Леонардо Дикаприо (41) долги години е поврзуван со познати супермодели, манекенки и актерки – од Наоми Кемпбел и Хелена Кристенсен, преку Ева Херцигова и Кејт Мос, до Жизел Бундшен, Бар Рафаели и Тони Гарн.56d817e0-df60-4109-beab-3a610a0a0a64-celebs-parents-emgn19

Меѓутоа, само две жени без никаков поговор го следат на сите големи случувања, како што е доделувањето на Оскарите, а тоа се неговата мајка Ирмелин Индебиркен и неговата помајка Пеги Дикаприо.

Иако ретко се истакнува во јавноста, но покрај славниот актер на ваквите случувања и во сите големи моменти во животот го придружува и неговиот татко Џорџ.56d817e2-7e04-4e80-bec4-3a5d0a0a0a64-gedicaprio-696x456-718x446

Ирмелин и Џорџ се запознале на факултет во Њујорк, се венчале и се преселиле во Лос Анџелес, а Леондардо се родил во 1974 година.

Името го добил според Леонрдо Да Винчи – Ирмелин била бремена кога биле на пат во Италија и баш ја гледала сликата на Да Винчи кога првпат почувствувала дека бебето мрда во нејзиниот стомак.

Меѓутоа, нивниот брак не траел долго, се развеле кога Лео имал една година. Наспроти тоа, продолжиле да живеат заедно, дури и патувале низ САД со своите пријатели хипици.56d817e9-1294-4b03-a31b-3a600a0a0a64-leo-george-martin

Ирмелин и Џорџ денес се во стабилни врски, а неговиот татко во 1995 години се оженил со Пеги Фарар со која актерот има одличен однос.

Џорџ во тоа време работел како илустратор , цртач и продавач на андерграунд стрипови. Двајцата родители од мали нозе го поддржувале Леонардо во сите негови интереси, му ги ширеле видиците, го воделе насекаде и го запишувале на најдобрите училишта кои можеле да му ги приуштат, иако финансиски не биле многу моќни.

Кога Лео се проби во актерскиот свет, двајцата родители работеле за него, а Џорџ ги разгледувал сценаријата и ги избирал оние за кои сметал дека би му се допаднале на неговиот син.

– Мојот татко секогаш ми велеше: „Сине работи што сакаш, не е важно дали си успешен или не си, но сакам да имаш интересен живот. Биди среќен доволно за да имаш волја наутро да ги облечеш панталоните – изјавил неодамна Леонардо за „Парејд“.

А во говорот на доделувањето на наградите САГ изјавил:

„Ирмеилн, Џорџ не би ја примил оваа награда, и не би актер каков што сум или да се занимавам со хуманитарна работа во рамки на оваа професија, а и јас не би личност онаква каква што сум без вас двајцата. Ви благодарам!“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1