Дарко Лазиќ и Слободан Васиќ – познатите ѕвезди на Гранд се нападнати пред дискотеката Трокадеро во Будва.
По вербална расправија пред диското на нив се нафрлила поголема група. Пеачите се здобиле со полесни повреди.
Двајцата 21 годишни пеачи биле згрижени во најблиската болница, а полицијата во Будва веќе поднела пријава против 18 годишниот Воислав Решетар од Подгорица кој бил иницијатор на нападот.