„Звуците на чаршијата“: Од утре забава за сите во Чаршија – Концерти од сите жанрови


Интернационалниот мултикултурен фестивал „Звуците на чаршијата“, годинава се одржува по 9 пат во Старата скопска чаршија.Screenshot_79

Нејзините улици на 22 и на 23 септември ќе ги пречекаат сите посетители и ќе им понудат концерти од сите жанрови, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, перформанси и презентација на  стари занаети.

Градот Скопје и Културно информативниот центар – Скопје се покровители и организатори на „Звуците на чаршијата“, а во реализацијата на манифестацијата е и Општина Чаир. За реализација на оваа манифестација „Звуците на Чаршијата“, Градот годинава од Буџетот издвои 700.000, 00 денари.

Иницијативата за заживување на недоволно посетените простори на Скопје беше успешна и придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија, нејзиното светлување со канделабри и опремувањето на неколку дуќани за промоција и продажба на производи од старите традиционални занаети.

Ги повикувам граѓаните на Скопје за дојдат и да го посетат овој фестивал кој нуди богата програма за сите вкусови, истакна градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, рече дека ваквите манифестации, изменетото работно време и забраната за движење на возила по улиците на Чаршијата придонесоа таа да стане најфереквентното место во градот во кое доаѓаат да се забавуваат  граѓани од сите националности.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1