Вечерва околу 21:30 часот во Мала Речица, каде што се наоѓа седиштето на ДУИ, се слушнала силна експлозија. Според неофицијални информации, станува збор за бомба. Жителите од соседството се вознемирени и излезни на улица.
Засега не е познато дали има повредени лица и оштетени објекти. Се очекуваат нови информации од теренот.
Телевизијата Алсат М јави дека предмалку била фрлена бомба во седиштето на владеачката Албанска партија ДУИ во Мала Речица. Според телевизијата од експлозијата на кашикарата нема повредени, а сеуште не е познато и кој ја фрлил. Во седиштето веднаш по експлозијата дошле полициски специјалци. За експлозијата во седиштето на ДУИ веќе и на социјалните мрежи се споделува информацијата .