Едно лице загина утрово во тешка несреќа


Воз кој сообраќал на релација од Скопје кон Гевгелија утрово околу 9 часот прегазил машко лице во близина на Демир Капија.Според првичните информации, несреќата се случила кај местото викано „Пржински мост“, каде возот удрил во засега непознато машко лице кое се наоѓало на пругата.

Од силината на ударот, лицето починало на лице место. Во моментот се врши увид на лице место, а на лице место ќе излезе и обвинител.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1