Еве како ќе изгледа новата Универзална сала (Фото)


Избрано е идејното решение за новата концертна сала која ќе се гради на местото на сегашната Универзална. Таа ќе биде во форма на јајце, ќе има голема сала со 2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории.

univerzalna-564x331Идејното решение е на архитектите Стојан Павлевски и Иван Симеонов од „Стоун дизајн“, а е избрано од 10 идејни решенија пристигнати на конкурсот на Министерството за култура.

Архитектот Павлевски откри дека јајцевидниот облик на идната сала симболизира раѓање зашто во Универзална се одржале многу детски фестивали од кои изникнале многу македонски музички ѕвезди.

Следен чекор во процесот е објавување тендер за избор на фирма-проектант која ќе го изработи основниот проект, потоа тендер за изведувач, и од целата процедура ќе зависи рокот и износот на изградба на новиот објект за кој од буџетот се наменети средства.

univerzalna-564x331

univerzalna1-564x331

univerzalna2-564x308

univerzalna3-564x272

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1