Галерија: Пронајдена „вратата на пеколот“! Пустинска дупка гори веќе 40 години!


На прв поглед сликите наликуваат на драматична сцена од некој филм. Разгорената дупка во срцето на пустината Каракум не настанала поради некаков вселенски напад на земјата. Кратерот го направиле геолози пред повеќе од 40 години и од тогаш во неа гори пламен.

Оваа дупка староседелците ја нарекуваат „Врата на Пеколот“.

Руски геолози во 1971 година започнале истражување на оваа локација, каде била пронајдена дупка исполнета со природни гасови при што дното на дупката од пробното копање пропаднало создавајќи кружна дупка со дијаметар од 70 метри.

Научниците од страв да не дојде до излегување на отровен гас од земјината кора одлучиле да ја запалат дупката. Тие се надевале дека огнот ќе го согори целото гориво за само неколку дена но гасот се уште излегува, а огнот се уште гори.

Пламенот создава златен одсјај кој може да се види на десетици километри од местото кое е наречено Дервес, село кое има 350 жители, а се наоѓа 260 километри северно од Ашгабат, главен град на Туркменистан.

Во 2010 година претседателот на Туркменистан го посети ова место и нареди распламтената дупка да се затвори но тоа се уште не се случило.

Пустината Каракум се простира на голема површина од Туркменистан кој се наоѓа источно од Каспиското Море.

Докажано е дека целиот регион е богат со резервоари од природен гас.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1