Убод од крлеж може од вас да направи вегетаријанец?!


Поради „отровот“ при убод од крлеж луѓето може да развијат алергија на месо. Комбинацијата на јаглехидрати кои овој инсект ги внесува во крвотокот исто така се наоѓаат и во месото кое го консумираат луѓето.

Научниците објавиле дека гриз од месо по каснување од крлеж може да биде сосема невкусен.

Тие откриле дека каснувањето од пајаколиките крвопијци може да предизвика силна алергиска реакција при консумирање на месо. До сега биле потврдени три вида на реакции на оваа појава во САД.

Пациентите имале силни симптоми откако консумирале храна која содржела црвено месо.

Експертите исто така откриле дека всушност тоа биле закаснети алергиски реакции на убодот од крлеж особено од видот кој се нарекува „Lone Star tick“.

Јаглехидратите кои крлежот ги внесува со својот отров во крвотокот на жртвата исто така се наоѓаат и во месото. Иницијалниот убод покрева реакција на имунолошкиот систем кој силно реагира следниот пат кога ќе се сретне со истит состојки.

Несреќните жртви не знаат дека поради истиот убод при консумирање на вкусно месо може да предизвика страшна реакција, дури и анафилактичен шок што е опасен по живот.

Доктор Сузан Волвер и нејзините колеги од Вирџинија објавиле резултати од научно истражување поврзано со реакциите на убодот од крлеж во списанието „Интернал Медицин“.

Во студијата стои следново: „ендемските видови на крлеж како што се видовите од југоистокот на САД би требало да бидат познати на клиничките лекари поради настанување на нов синдром на анафилакса (анафилактички шок е алергиска реакција која може да доведе до губење на свеста и смрт поради оток на дишните патишта и брзо опаѓање на крвниот притисок).

Единствено што може да им се препорача на луѓето кои преживеале убод од крлеж е да внимаваат при консумирање на говедско, јунешко, козјо, свинско и месо од дивеч, велат научниците.

Кога крлежот ќе се закачи на кожата навлегува длабоко во месото со цел да се храни од крвта на жртвата. Убодите од крлежи најчести се за време на рана пролет и касно лето.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1