И Сибир поплавен: 4000 куќи под вода, 7600 евакуирани


Речиси 4.000 куќи се поплавени во Сибир, а повеќе од 7.600 лица се евакуирани од опасните области, изјави заменик шефот на Националниот центар за кризни ситуации при руското Министерство за вонредни ситуации, Олег Воронов.

poplavi srb5Поројните дождови, кои врнат од 29 мај, го зголемија нивото на водата во реките, поради што делумно се поплавени ненаселените места во републиките Каказија, Алтаи, Тува и Територија Алтаи.

– До шест часот по московско време и понатаму се поплавени 3.967 куќи во 18 општини, во кои живеат повеќе од 9.000 жители, од кои 2.000 се деца, истакна Воронов.

Во текот на последните 24 часа бројот на поплавените домови се зголемил за речиси 3.000. Околу 5.000 домаќинства се под вода.

Поплавите разурнале мостови во неколку ненаселени места.

Министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков апелираше на населението да ги слушаат инструкциите на Министерството и на локалните власти.

Во борба против поплавите во сибирските региони учествуваат околу 2.000 луѓе и над 630 машини, вклучувајќи девет авиони и неколку десетици бродови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1