Инцидент во Аеродром, жители спречија заловување на куче скитник


Улично куче причина за инцидент со полициска интервенција во Аеродром. Екипа од Комунална Хигиена по претходна пријава отишле да го заловат кучето и да го транспортираат во Вардариште, но биле нападнати од поголема група на станари кои ги спречиле во извршување на нивната работа. Еден од вработените завршил на земја, пишува порталот Здравство24.

Кучето не стигна до стационарот а револтираните граѓани се разбегале по пристигнување на полицијата.

kuce 54t

-Вработените беа нападнати бидејќи станарите застанале во одбрана на кучето кое го чувале и хранеле пред зграда. Ние само ја работевме нашата работа и случајот е пријавен во полиција и ќе биде поднесена соодветна пријава. Ако го чуваат нека го чуваат дома, бидејќи и ма граѓани кои не сакаат улични кучиња и се плашат пред се за своите деца, вели Ракип Дочи директор на Комунална Хигиена.

Според станарите во околните згради кучето било мирно и на никому не му сметало. Тие ја оправдуваат насилната реакција во одбрана на животното без разлика што во целата турканица било нападнато службено лице.

-Мирно е ние го храниме. Е сега вие хипотетички што ако нападне некој, а што ако никој не нападне, вели станар

За разлика од станарите во овие две згради, нивни комшии реагираат против уличните кучиња. Им смета лаењето но и опасноста да нападнат некое дете.

-Ми сметаат како не. Особено навечер кога се собираат овде, да ти е страв да шеташ со дете, реагира жителка на Аеродром

Директорот на Комунална вели дека ова не е прв пат нивни екипи да бидат нападнати од жители кои не се согласуваат со нивната работа. За безбедност на вработените, биле принудени да го намалат и бројот на заловувања на улични кучиња. Но затоа, пак, плаќаат казни и оштети кога истите ќе нападнат некој граѓанин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1