Ја спасиле од давење во Вардар, па ѝ удриле ќотек


Откако успеале да ја извадат жената од водите на Вардар, нејзиниот татко ѝ удрил ќотек и викал по неа, сведочат очевидци.

Од водите на Вардар, во центарот на Скопје, попладнево две лица успеаја да спасат дваесет и седумгодишна жена, која според очевидци, се фрлила во реката пред Камениот мост.

фото: МИА

При обидот за спасување, жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се гледаат во реката.

Потоа во водата влезе уште еден човек кој им помогна да стасаат до едно од островчињата што се создадени во реката, а потоа и трет кој заедно со двајцата спасувачи ја донесе младата жена на брегот на реката Вардар.

Откако беше извадена од водите на Вардар жената со Брза помош беше однесена во ГОБ „8 Септември“.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив бил пријавен во 13:30 часот, и дека кога тие пристигнале на местото на настанот ги затекнале М.А. (27) и нејзиниот татко М.А. (44).

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1