Кутии со бесплатни маски по раскрсниците во Скопје – за полесно дишење


На неколку раскрсници во центарот на градот се поставени кутии со бесплатни медицински маски за потребите на граѓаните. На нив пишува „Дишењето во Скопје е штетно за вашето здравје“ и се препорачува маските да се користат за полесно дишење, пишува Плус Инфо.

maskaВакви кутии ќе се појават на уште неколку прометни места во центарот на Скопје. Во моментов ги има на семафорите кај Архитектонски факултет, на автобуската постојка во близина на Соборен храм, како и на автобуската постојка кај Рекорд.

Останува апелот на Град Скопје да не се проветруваат затворени простории, а децата, бремените жени, хронично болните и постарите луѓе да не изегуваат од дома ако немаат потреба.

Последните мерења од утринава покажуваат високи концентрации во сите општини во Скопје, од 90 до 180 микрограми на метар квадратен, со што загаденоста и понатаму се движи над дозволеното ниво.

Плус Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1