Мајка по 22 години дознала дека ќерката која ја израснала не е нејзина


Дорис Грунвалд и нејзината мајка Евелин добија отштета од 30.000 евра од болницата во Грац, откако беше откриено дека на Евелин при породувањето случајно и го замениле детето., објави „Сан“.

Работите се разоткриле одкако Дорис отишла да донира крв, при што дознала дека има друга крвна група сосема поразлична од нејзините родители. Потоа направија ДНК тест и дознала дека не е во крвно сродство со родителите.

– Цело тело ми се тресеше, чувствував како да го губам тлото под нозете, изјави Дорис откако дознала дека 22 години ја чувале други родители.

Евелин, пак, изјави дека сето ова е голем шок за неа и нејзината ќерка.

– Но, уште од почетокот знаевме дека нас ништо нема да не раздели и дека ќе останеме мајка и ќерка. Ова дете е најубавата работа која некогаш ми се случила, рече таа.

Дорис се уште не знае кои се нејзините биолошки родители, а Евелин кое е нејзиното биолошко дете.

– Имаше 15 предвреме родени деца од кои и неколку близнаци, така што дел од нив влегуваат во најтесниот избор, изјави Евелин, која предвреме се породила во 1990 година.

Таа додаде дека болницата одбила да и даде попис на имињата поради заштита на приватноста.

– Секогаш кога ќе видам некои кој ми се пријатни, се прашувам дали тоа ми се родителите, тоа прашање секогаш е присутно во мојата глава, рече Дорис, додавајќи дека сешак Евелин е „нејзина мајка и секогаш ќе и биде“.

Кога цела приказна беше обелоденета, неколку жени кои се породиле во исто време кога и Евелин, доброволно биле на ДНК анализа, а како се ќе се заврши ќе дознаме допрва.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1